Садниците кои беа засадени во основните училишта во градов ги дарува „Лајонс“ клубот од Охрид. Оваа иницијатива е подржана од сите „Лајонс“ клубови во Македонија.
Охридските лавови по повод „Денот на дрвото“ даруваа 90 садници за основните училишта во градов. Секое од нив доби по десет зимзелени дрвца кои беа засадени во училишните дворови. Павел Попоски, претседателот на „Лајoнс“ клубот од Охрид, вели дека позитивните реакции од учениците и од наставниците се стимул вакви акции да организираат почесто. Тој вети дека во соработка со ЈП „Комуналец“ ќе набават нови садници кои ќе бидат засадени во наредниот период.
Во основното училиште Св. „Климент Охридски“ дрвца засадија учениците од повисоките одделенија. Во тоа им помогнаа нивните наставници.
Инаку оваа акција беше дел од граѓанската иницијатива која денес се одржа низ целава република под мотото „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град