„Охридски комуналец“ го средува зеленилото на ул. „Марко Цепенков“

Јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ по налог на општинскиот инспекторат ја санира  пешачката патека по улицата „ Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улицата „ Питу Гули“ до месноста „ Стобекс“.

 |  Голабовски Крсте  | 
Marko Cepenkov
Марко Цепенков

Јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ по налог на општинскиот инспекторат ја санира  пешачката патека по улицата „ Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улицата „ Питу Гули“ до месноста „ Стобекс“.

Marko CepenkovОтстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и  диви жбунови  од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците  и  видливоста на сообраќајните знаци.

Во одржувањето на зеленилото по јавно- прометните површини Ј.П.„Охридски Комуналец„ секојдневно се сретнува со проблеми  кои произлегуваат од одржувањето на оградите, дрвјата и жбуновите кои од приватните имоти се шират на јавните пешачки површини и сообраќајниците.

Од ЈП „ Охридски комуналец“ ги потсетуваат  граѓаните дека се должни  сами  да го одржуваат зеленилото на нивните имоти и тоа не смее да преминува на јавна површина и дека согласно  Законот за јавна чистота овие дејствија подлежат на ригорозни казни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top