Охриски Комуналец се поднови

Подновен возниот парк на ЈП „Охридски Комуналец“. Тракторите заминуваат во историјата, а на нивно место пристигнаа четири специјални возила за подигање, транспортирање и депонирање на отпад.

 |  Николоска Биљана  | 
kamionce
камионче

Охриски Комуналец се поднови. Механизацијата на ЈП од денес побогата за 4 возила, донесени од Германија, по релативно поволна цена. Предноста на овие специјални возила е тоа што тие слободно ќе можат да влезат во сокачињата и потесните улички, во кои досега пристапот беше тежок и тоа се изведуваше со трактори вели Сашо Алче, првиот човек на претпријатието.

„Карактеристично за овие возила е што се релативно нови 2003 односно 2005. возилата се марка мерцедес со носивост 4 метри кубни пресован отпад еден спрема пет или 20 метри кубни отпад ќе собират тие возила“.

kamioniДосега кубуревме со возила од ваков тип посебно во летниот период, вели Алче. Додаде дека сега ефикасноста ќе биде поголема, а во многу ќе заштедат и на набавка на резервни делови и нафта.

„Со овие четири возила во последниве две години се набавени 7 специјални возила и во делот на управување со отпад во делот на подигање транспорт и депонирање ќе бидеме уште поуспешни. Вредноста на возилата е околу 50 000 евра“-потенцира Алче

Во тек е постапката за регистрација на 4 те нови возила и веднаш потоа граѓаните ќе имаат можност да ги видат низ охридските улици. Возниот парк на ЈП „Охридски Комуналец“, сега брои вкупно 20 возила.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top