После невремето кое го зафати подрачјето на општина Охрид, службите на Охридски Комуналец беа вонредно ангажирани во текот на вчерашниот и денешниов ден.
После невремето кое го зафати подрачјето на општина Охрид, службите на Охридски Комуналец беа вонредно ангажирани во текот на вчерашниот и денешниов ден.
Невремето беше проследено со силен ветер, што допринесе големи количини реса, трска и комунален отпад да се наталожат кај градското пристаниште и малото пристаниште пред х.Палас.
Во текот на вчерашниот ден се расчисти пристаништето, а денес се расчисти и просторот околу малото пристаниште. Активностите се реализираа по добиен налог од општинскиот инспекторат и подигнати се вкупно 30м кубни отпад.
Интензивирани беа и активностите за расчистување и подигнување на паднатите лисја од коловозите, тротоарите и другите јавни површини во централното градско подрачје.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град