Охридски Комуналец една недела е без струја

Дирекцијата од Комуналец и работната единица механизација од четвротокот се без струја.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Дирекцијата од Комуналец и работната единица механизација од четвротокот се без струја.

„Овој проблем настана поради актуелизирање на проблемот со трафостаниците кои ги користи ЕВН, а се поставени на земјиште од ЈП. Досега ЕВН не ни плаќаше  закупнина за тарфостаницата која е поставена на наше земјиште ние не им плаќавме за потрошена електрична енергија“, вели директорот на ЈП Сашо Алче.

Тој додава дека раководството на  Комуналец е дел од тимот на градоначалникот кој води разговори со ЕВН за пребивање на долговите на општината и јавните претпријатија.

„Овие преговори се со цел да се изнајде решение инвестициите на локлната самоуправа во преносниот систем кој сега го користи ЕВН, да се пребие со долговите на ЈП“, вели Алче.

Директорот на ЈП вели дека и покрај тоа што тој лично секојдневно конатактира со одговорните од ЕВН, отаму сеуште нема одговор за тоа како да се продолжат овие активности.  

„Сеуште немаме добиено фактура за да знаеме колку ЈП должи“, вели Алче.

Тој тврди дека ЈП деновиве на сметката на ЕВН уплатило 300 илјади денари.

„Но со овие пари го исполнивме судскиот лимит што значи дека до 1 следниот месец не можеме да вршиме други уплати.“

Од ЕВН потврдуваат дека ЈП остана без струја поради огромниот долг спрема нив. Од таму тврдат дека ЈП нема подмирувано обврски за потрошена електрична енергија од 1 јануари 2008 год.  

Додека траат преговорите помеѓе ЕВН и Комуналец, работата во ова ЈП трпи. Последиците од спорот најмногу ги чувствуваат граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top