Деновиве механизацијата на ЈП „Охридски комуналец“ги расчиствува одводните канали во студенчишкото блато. „ Високиот водостој носи талог, песок и муљ поради што мора редовно да се интервенира“, вели директорот Сашо Алчев.
Деновиве механизацијата на ЈП „Охридски комуналец“ги расчиствува одводните канали во студенчишкото блато. „ Високиот водостој носи талог, песок и муљ поради што мора редовно да се интервенира“, вели директорот Сашо Алчев.
Активностите кои не ги спороведе координативното тело за справување со кризи, на свој грб ги превзеде ЈП „Охридски комуналец“. Механизацијата на ова ЈП ги чисти одводните канали, за да не се повтори поплавата која неодамна ја зафати езерската полиција.
„ На овој потег интервенираме на два до три дена, со цел да се намали водостојот во студенчишкото блато“, вели директорот на ЈП Охридски Комуналец, Сашо Алче.
Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, вели дека одводните канали мора постојано да се чистат, затоа што тие се бели дробови на езерото. Тој додава дека колку и да се чистатат каналите, високиот водостој си го прави своето и каналите постојано се затрупуваат со земја и песок.
Алче информира дека ЈП постојано интервенира и во Пештани. Тој вели дека редовно се чистат септичките јами, но и водите во и околу селото. За проблемите во Љубаништа и поплавите во автокампот директорот на ЈП „Охридски комуналец“ вели:„ Автокампот е приватен имот. Ако побараат помош од нас, стоиме на располагање да помогнеме и таму“
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град