Охридските кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ пред очите на јавноста

Денот на победата над фашизмот, ВМРО-ДПМНЕ го одбележа и во Охрид. Им оддадоа почит на сите жртви од Втората Светска војна, напомнувајќи дека идеите и вредностите на Европа треба да живеат и во Македонија. Во исто време тие ја искористија можноста да ги промовираат Охридските кандидати за пратеници во Македонскиот парламент.

 |  Мишел Наумоски  | 
vmro-dpmne
вмро-дпмне

Den na EvropaДенот на победата над фашизмот, ВМРО-ДПМНЕ го одбележа и во Охрид. Им оддадоа почит на сите жртви од Втората Светска војна, напомнувајќи дека идеите и вредностите на Европа треба да живеат и во Македонија. Во исто време тие ја искористија можноста да ги промовираат Охридските кандидати за пратеници во Македонскиот парламент.

9 ти Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа беше причина за Охридските сили на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Александар Николовски, заедно со Охриѓани, да им оддадат почит на сите жртви од Втората Светска војна. Тие велат: „Народно ослободителната борба во Македонија доведе до создавање на Македонската држава, прво во рамките на поранешна Југославија, а од 1991 година и како независна држава. Сметаме дека ова е ден кој континуирано треба да се одбележува.“ Тие ја искористија можноста и за да ги промовираат своите кандидати за пратеници од нашата, 5та изборна единица.

„ВМРО-ДПМНЕ на 16ти Мај својата кампања ја започнува од Охрид. Носител на нашата листа е министерот Антонио Милошоски. По потекло од Охрид сме тројца кандидати кои во следниот парламентарен состав ќе го претставува Охрид во собранието. Реализиравме многу проекти за Охрид во услови на светска економска криза и на тешкотии кои што ги имавме на внатрешен и надворешен план, притисоците од Грција по однос на името, притисоците што ги имавме внатре од разни ретроградни и антиреформски структури, но успеавме да направиме многу реформи, за Охрид направивме многу капитални проекти кои што не биле видени во минатото.“-рече кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски

Кандидатите за пратеници од Охрид сигурни во себе и во партијата. Тие велат дека успесите на ВМРО-ДПМНЕ и залагањето на партијата за градот Охрид се очигледни.

„Сметам дека СДСМ нема ништо што да понуди ново за петтата изборна единица. Слушавме во изминатиот период дека не нудат некој посебен квалитет меѓутоа ние сме фокусирани првенствено на нашите листи, на нашата програма како и впрочем што досега сме работеле. Нас ни е важно што граѓаните го препознаваат она што сме го направиле од 2006 кога ни ја дадоа довербата, 2008 на предвремените избори, понатака 2009 во најголем дел од Република Македонија каде што освоивме многу градоначалнички места и сега сум сигурна дека го препознаваат она што се случува, она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ.“-вели кандидатот за пратеник Анита Кипаризова-Крстевска.

На листата за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се најде и Д-р Хари Шокаровски кој претставуваше изненадување за охридската јавност, но од партијата велат дека не се сомневаат во изборот кандидатите.

„Сакам да и се заблагодарам на партијата што ми овозможи да станам пратеник, го препозна ми се чини квалитетот. Ќе ги вложам сите напори како досега што правев на професионален план, така и одсега како интелектуалец сакам дел од мојата кариера да ја насочам во политиката пред се да му помогнам на градот. Досега се препознава она што го направи оваа влада за овој град. Има безброј проекти, како од културата, така во здравството итн.“-рече кандидатот за пратеник  Шокаровски

„ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, ВМРО-ДПМНЕ за Европа“. Под ова мото се претставија членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, а присутни беа членови на општинскиот комитет на партијата, како и членови на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top