Охридските кампови ги задоволуваат основните услови, велат експeртите

Германскиот експерт Волфганг Фромер ќе ја отценува состојбата на македонските кампови.

 |  Татјана Маленкова  | 
kamp
камп

Кампинг туризмот во целиот Балкан ќе се подигнува на повисоко ниво.  Македонија има потенцијал  и традиција за развој на модерен кампинг-туризам,  но мора да се осовременуваат. Сопствениците треба постојано да ги следат развојните текови доколку сакаат успешен настап на пребирливиот европски пазар, отценува германскиот експерт за кампинг туризам кој деновиве престојува во Македонија и регионот, Волфганг Фромер.

„Гледам дека досега нема многу германски туристи во Македонија, а ние сакаме да им помогнеме на сопствениците на камповите во Маркетиншки аспект и советодавно да се подигнат условите во камповите“, истакна кампинг експертот Волфганг Фромер.

„ Ние сакаме да направиме индивидуалн кампинг со сопствениците на камповите, сакаме да направиме и мрежа со сопственикот на камповите и сакаме да направиме стратегија за дестинацијата западен балкан“, вели германски кампинг експерт, Волфганг Фромер.

kampСтандардите за камповите секогаш се зголемуваат. Не можеме да останеме на ова ниво, туку условите мора да се подобруваат, вели Фромер.  Тој нагласи дека основните три услови за влез на автокампинзите во Македонија во водичот за кампови кој е како што рече, бибилија за германските кампери, е во оваа фаза до 2012 година да ги осовременат санитарните јазли, да преземат активности за подобрување на севкупната хигиена во објектите и околината, како и маркетиншки да се промовираат, особено преку Интерент.

„Мислам дека во иднина камповите ќе им треба доста голема инвестиција“, вели Фромер.

Консалтинг проектот на камповите во Регионот во кој спаѓаат Македонија, Босна, Србија, Црна Гора и Албанија) е финансиран од германската влада, а се имплементира преку германското друштво за техничка соработка и отворен регионален фонд ГТЗ.

Богатиновска додава дека досега од посетените кампови на Охридско струшкиот регион основните услови ги задоволуваат камповите Љубаништа и Ливадишта.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top