Охридскиот хотелски бренд „Инекс-Горица“ добитник на престижна награда во Шпанија

Интернационалната награда за хотелско и ресторантско работење, Инекс ја добил во конкуренција со триесетина хотели од целиот свет.

 |  Мишел Наумоски  | 
inex
инекс

Global Trade Leaders Club од Мадрид, Шпанија му додели престижна награда на нашиот хотелски бренд „Инекс-Горица“. Интернационалната награда на нашиот хотел му е доделена за квалитетот на услугата во хотелското и ресторантското работење. Освен фактот што наградата ја доделува престижна организација од една од најпосетените туристички дестинации во светот, посебна тежина дава и фактот дека за неа не може да се аплицира туку се доделува на препорака на клиенти кои го посетиле хотелот.

nagrada SpanijaПрепораката за нашиот хотел ја дал никој друг, туку претседателот на Светската туристичка организација, и тоа е единствениот хотел од Македонија кој учествувал на овој настан.

„Според нас многу е важно да се учествува на вакви настани. Најпрво затоа што целта пред се на овој настан е зближување на менаџери од сите делови на светот, разменување на искуства и со самото тоа подобрување на работата, што значи дека е од огромно значење, а исто така и со самото присуство, луѓето од целиот свет дознаваат пред се за Македонија, Охрид, а нормално и за нашиот хотел што е дополнителна предност во делот на маркетингот на хотелот.“-вели менаџерката на хотелот Инекс-Горица, Андреа Илоска.

nagrada hotelsko rabotenje InexОсвен наградата која ја доби нашиот хотел за хотелско и ресторантско работење, се доделувале и специјални награди кои се однесувале само за исхрана. Помеѓу поинтересните и попознатите хотелски брендови, на настанот во Мадрид учествувале и претставници од познатиот ланец на хотели Best Western. Бројни фактори влијаат врз доброто хотелско работење, но според Илоска,еден посебно се издвојува.

„Услугата во хотелот е најбитен фактор кој влијае на целото хотелско работење и гостите кои ќе дојдат, прво што забележуваат е тоа дали услугата на хотелот е на врвно ниво, а потоа се обрнува внимание на другите делови од хотелот. Сите фактори влијаат за крајниот впечаток на гостинот, но според мене, и според се она што досега го имаме научено од хотелското работење, е дека услугата е првиот фактор на кој се обрнува внимание.“-рече таа.

Илоска вели дека со самиот факт што ја добиле оваа престижна награда, тие веќе стануваат и членови на Global Trade Leaders Club, што значи дека во иднина ќе учествуваат на нивните настани, но и други семинари на кои тие ќе разменуваат значајни искуства. Инаку интернационалната награда за хотелско и ресторантско работење, на Инекс-Горица и ја додели претседателот на  Global Trade Leaders Club, Рикардо Росо Лопез.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top