Охридските Хотели за Новогодишните празници, полупразни

Менаџерите проблемот го гледаат во безвизниот режим, свинскиот грип и економската криза. Најавуваат намалување и на веќе намалените цени за аранжманите.

 |  Татјана Маленкова  | 
hotel
хотел

Менаџерите проблемот го гледаат во безвизниот режим, свинскиот грип и економската криза. Најавуваат намалување и на веќе намалените цени за аранжманите.

Менаџерите на Охридските хотелите мака мачат да го исполнат  капацитетот на хотелите за престојните празници. Зошто годинава нема заинтересираност Нова Година да се дочека во Охрид, сопствениците на Објектите со различно гледање. Едни вината ја гледаат кај  безвизниот режим за Македонските граѓани од 19 декември, додека другите економската криза, а трети свинскиот грип.  „ Заслугата што нема доволно гости во Охрид, не е безвизниот режим, туку пренагласеното информирање за грипот од страна на медимите, вели сопственикот на хотелот Ројал, Сотир Сотироски.

„Во зимскиов период развиваме конгресен туризам па поради тоа преживуваме. Но мора да признам дека намаленост на гости се чувстува. Претпоставуваме дека тоа е поради грипот и социјалниот стандард. Треба да направиме аранжмани со кои ќе привлечеме повеќе гости, велат од хотел Милениум. Ние сме помал хотел па поради тоа не страдаме многу, но поголемите  многу повеќе ја почувствуваа кризата, вели Слаџана Столевска.

За да дојде до оваа ситуација во која се затекнавме годинава,  влијаат многу фактори, се сложуваат и од хотел Климетица. Тие признаваат дека ваква сезона досега не паметат.

Хотелиерите се едногласни дека доколку сакаме кризата која ја чувствуваат во момнтов да не продолжи и во летниот период, државава треба многу поагресивно да се настапи со рекламна кампања за
Македонија.

Инаку, дознаваме дека многу реномирани Охридски хотели за Дочекот на најлудата ноќ ќе стават клуч на објектите. ТВМ ќе работи на оваа проблематика,  во иднина ќе ги обајави и имињата на хотелските капацитети кои се откажаа во борбата за гости.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top