Вечерва со почеток во 19.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе биде изведена претставата „Мачка на вжештен ламаринен покрив“ од Тенеси Вилијамс.
Вечерва со почеток во 19.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе биде изведена претставата „Мачка на вжештен ламаринен покрив“ од Тенеси Вилијамс.
Инаку оваа претстава како проектна активност ја подготвија ученици на охридската гимназија под водството на професорката Ирена Бачиќ.
Репризно претставата ќе се игра и утре, 30-ти април исто така во Центарот за култура со почеток 19.30 ч, a цената на влезниците изнесува 60 ден.
Во претставата која се подготвуваше два месеца, настапуваат ученици од охридската гимназија, сценографијата е на проф. Кети Слатинец, а светло Илија Левески. Сценскиот настап е пропратен со музика на пијано во изведба на Димитриј Атанасов и вокалните аранжмани на Емилија Колоска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град