Нeoдамна во ОСУ “Св.Климент Охридски” се одржа училишен натпревар по англиски јазик за ученици од втора година. Натпреварот беше организиран од активот по странски јазици и беа избрани 3 ученици кои ќе го претставуваат училиштето на регионалниот натпревар на 3 Мај, а тоа ќе се :

Мартин Мурговски II -5, ментор проф. Ана Топенчарова Коваческа;
Александар Димоски II -5, ментор проф. Ана Топенчарова Коваческа;
Кирче Алексоски II -1, ментор проф. Сузана Ристеска.
Покрај тоа, на меѓународниот натпревар по англиски јазик HIPPO кој се одржа во Март, во конкуренција од илјадници ученици од 8 држави, ученикот Мартин Мурговски се пласира меѓу најдобрите и ќе го претставува училиштето во финалето кое ќе се одржи во Лидо ди Јесоло, Италија на 10 и 11 Мај.
На престижната Македонска Математичка Олимпијада (ММО) одржана на 12 Април, по претходна селекција врз основа на резултати од другите натпревари, гимназијата ОСУ “Св.Климент Охридски” ја претставуваа: Милан Крстевски, Поликсена Тунтева, Теодора Бујароска и Виктор Домазетоски.
Овој пат, учениците од III година се вратија со награди. Виктор Домазетоски се здоби со бронзен медал, додека Теодора Бујароска освои сребрен медал, и со тоа автоматски пласман за учество на Балканска Математичка Олимпијада БМО 2014 која ќе се одржи во Плевен, Бугарија во период од 02-07 мај 2014 година, како и Светската Математичка Олимпијада која во средина на Јули се одржува во Аргентина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град