Охридските гимназијалци и економисти покажаа високо ниво на знаење и успех на матурскиот испит. Според првичните неофицијални податоци, од 364 пријавени ученици нема нити еден ученик кој паднал и не ја положил државната матура, вели директорот на Општинското средно училиште Св.Климент Охридски, Наум Рилкоски. „Презадоволен сум од првичните неофицијални резултати кои се добиени од моите колеги и учениците по елетронски пат. За разлика од претходните 2-3 години оваа генерација ќе биде многу подобра од претходните во однос на постигнатите резулатати“, појаснува директорот.
Со успешниот матурски испит оваа генерација го враќа некогашниот епитет на охридската гимназија, која според квалитетот на знаење, секогаш се вбројувала меѓу врвните образовни институции во земјава, напоменува Рилкоски. „Истакнува едно сознание од IV 7 на класниот раководител Проф. Жаклина Левеска, кој во текот на 4 години важеле за солиден клас, по нивни сознанија по електронки пат, екстерната матура ја положиле со средна оценка од 4,66.“
Успехот на учениците по Македонски јазик и литература е за нијанса подобар од останатите изборни предмети, истакнува директорот на ОСУ Св.Климент Охридски. Како пример го наведува класот IV 1 каде што 17 ученици по овој задолжителен предмет добиле петки. Официјалните резулатати сепак ќе бидат познати во среда, а сите незадоволни ученици ќе може да вложат приговори до Државниот испитен центар. Во август пак, ќе има уште еден испитен рок во кој ќе може да се преполага државната матура. Останатите две средни училишта ќе ги почекаат официјалните резултати од Државниот испитен центар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град