Тие ја покажаа својата хуманост преку оваа нивна традиционална акција наречена „Дарувај од срце“, а во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
Жените од општинската организација на СДСМ даруваа топла облека и обувки во Црвениот крст од Охрид.
Својата хуманост тие ја покажаа преку нивната веќе традиционална хуманитарна акција „Дарувај од срце“ која покрај во нашиот град, во исто време се случуваше и во повеќе градови во републиката.
„Се прибира топла облека, се прибираат обувки и истите се донираат во Црвениот крст кој понатаму ги дистрибуира онаму каде што е најпотребно. Целта на оваа хуманитарна акција е ако не можеме многу да го смениме животот на нашите сограѓани, барем малку да внесеме топлина во нивните зимски денови. Ние искрено веруваме дека даровите кои што се подарени од срце ќе го најдат патот до срцата на ноние на кои што се наменети.“-вели претседателката на Форумот на жени од СДСМ од Охрид, Живка Ангелоска.
Антонио Додовски од Црвениот крст од Охрид, вели дека секоја донација безразлика од кого доаѓа е подеднакво значајна помош.
„Ние како хуманитарна организација не ги двоиме граѓаните по ниедна основа, ниту оние ко донираат, ниту оние кои добиваат помош од кај нас, така што секоја помош е добредојдена и секогаш нашите врати се отворени за оние на кои што им е потребно. Особено е добро кога разни групи на граѓани, независно дали се политички партии, дали се здрушенија на граѓани или некакви иницијативни одбори од било кој карактер, кога организирано се здружуваат да соберат одреден вид на донација, кога ќе ја упатат кон нас, тоа ни ја олеснува нашата работа.“-рече Антонио Додовски од Црвениот крст од Охрид.
Инаку хуманитарната акција се одвиваше од 11 до 12 часот во кој период жените од општинската организација на СДСМ ги доставуваа хуманитарните пакети кои подоцна Црвениот крст ќе ги распределува според списоците социјално најзагрозени лица во градов со кои располагаат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град