Охридските домови мета на крадците

За охридските крадци нема празник, делник. Зачестуваат кражбите на викенд становите и постојаните живеалишта во градов. Од СВР-Охрид смируваат. Велат, во споредба со лани, ситуацијата е значително подобра.

 |  Наташа Размоска  | 
zgradi
згради

zgradiОхридските домови сеуште мета на крадците. Злосторниците не бираат, дали станува збор за викенд станови и куќи или пак за постојани живеалишта. И покрај тоа, охриѓани, се чувствуваат безбедни и веруваат во работата на полицијата.

По пријавите на граѓаните за зачестени кражби во нашиот град, го исконтактиравме портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Тој не информира дека објекти кои најчесто се предмет на грабеж се куќите и становите, без разлика дали станува збор за викенд или постојани живеалишта. Се почесто, на мета на провалниците се и продавниците. Според начинот на кој се извршени грабежите, се користи подесен алат, физичка сила и кршење на стакло или цилиндар од брава, додава Димоски.

Oд Свр Охрид информираат дека во споредба со истиот период лани, во 2010 година има намалување за 40 % на регистрирани кривични дела.  Согласно тоа, видно е намален и бројот на поднесените кривични пријави. Регистрирани се 29 кривични дела тешка кражба, а кривични дела кражба 18. Од кривичните дела „тешка кражба“, приближно половина се расветлени, а од кривичните дела „кражба“ решени се 7, додава портпаролот Димоски. Индикативно е што во два случаи сторителите на кражбите се малолетни лица. Од СВР Охрид апелираат до граѓаните да бидат внимателни за време на претстојните празници, да не ги оставаат своите домови необезбедени.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top