Со пешачење до Велестово ќе се одбележи неделата за борба против срцево-садовите заболувања.
Срцево-садовите заболувања во Макединија, како и во светот се водечка причина за смртност, но и за намалување на квалитот на животот. За да се намалат ризик факторите за овие заболувања лекарите препорачуваат правилен начин и стил на живеење кој треба да започне од најмала возараст предупредува д-р Марија Зимбова, од охридскиот Завод за кардиологија. Лекарите во здравите навики ги препорачуваат правилната исхрана, непушењето, контрола на крвниот притисок и дијабетесот како и редовната физичка активност. Во таа конотација, општинската организација на Црвен крст ќе ја одбележи неделата за борба против срцево-садовите заболувања со пешачење до Велество истакнува Анета Јованоска, волонтер на ОО на Црвен Крст.
Поканети се сите гражани на возраст од 7 до 77 години, а тргнувањето е утре во 10 часот од пред СРЦ Билјанини извори.Неделата за борба против срцево-садовите заболувања започна на 21 февруари и ќе трае до крајот на овој месец и се одвива под мотото „Вашето срце во ваши раце“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град