Отворениот базен, ставен во употреба. Концесионерите на кои сеуште не им е истечен договорот, неколку години порано се откажаа од базенот и истиот повторно е вратен во владение на општина Охрид, поточно со него управува ЈП за стопанисување со спортски објекти и паркинг простор – Билјанини извори. „Им благодариме на концесионерите кои предвреме се откажаа од базенините и со тоа ни се укажа можност да распишеме тендер, одбереме изведувач и двата базени да ги ставиме во употреба“, вели градоначалникот Александар Петрески.
„ Се уредува околината затоа што со диската кои беа таму беше искршено се. Планираме овие денови да го пуштиме во употреба, а свеченоста ќе ја направиме за Св. Климент, кога во Охрид за празникот на градот ќе има многу делегации“, вели градоначалникот Александар Петрески.
Поранешниот пливач Александар Маленко задоволен што градот собра сили и успеа да го возобнови базенот. Тој вели дека сега ќе биде полесно децата не само да научат да пливаат, туку и да тренираат за натпреварувања. Маленко се надева дека ќе се реализираат ветувањата на владата и локалната и дека Охрид за скоро време ќе добие и затворен базен.
Градоначалникот категоричен дека Охрид мора да добие затворен базен. Тој објаснува дека детално анализирале дали е поисплатливо да се затвори постоечкиот или пак да се гради нов – затворен базен.
„ Јас ја разгледав можноста и посточекиов базен да се затвори, но верувајте не е ни изводливо ни исплатливо. Огромни се трошоците за да се затвори базенот и да се загрева и водата и происторот. Сето ова не е можно затоа што коритотот на овој базен е од алуминиум и ќе имаме многу губитоци на енергија, затоа не се исплати да го затвориме. За затворен доволно е да имаме 25 метарски стази, веднаш до постоечкиот позади трибината ќе направиме 25 метарски базен со три стази за тренирање“, вели градоначалнкот.
Петрески додава дека доколку новиот безен се направи на овој начин, тогаш може да се искористи и системот за греење од спортската сала што би било поекономично. Според плановите на градоначалникот, во комплексот, кој ќе биде во склоп на ЈП Билјанини извори, покрај затворен базен уште ќе има и спа центар, сауна и фитнес.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град