Охридски ама светски

На светскиот ден на театарот, охриѓани презадоволни од фактот што конечно ја имаат можноста да уживаат во театарската уметност.

 |  Голабовски Крсте  | 
scena
сцена

Охриѓани ја поздравија работата на Охридскиот народен театар. На светскиот ден на театарот, проговорија за тоа што за нив значи работата на оваа културна установа. Некои од нив велат дека веќе имаат навика за одење во театар, а оние кои не биле ветуваат дека ќе одат.

reflektor„ Јас имам лично навика уште од поодамна, па иако немам друштво, на театар не се зборува, знам да си одам сама. На Охридскиот театар му честитам што почна со својата навистина многу квалитетна работа и мислам дека вреди или луѓето од другите градови да одат или тој да оди да ги усреќи љубителите на таа уметност во другите градови од нашата Македонија. Им посакувам успех“ задоволни се охриѓани.

Со многу ентузијазам, како што и започна со својата работа, оваа млада културна установа така и продолжува. Уште 4 премиери до крајот на годината ќе го збогатат репертоарот, а оттаму најавуваат и зголемување на бројот на претстави во текот на неделата. Исто така со помош на Министерството за култура во план е нејзино инфраструктруно осовременување. Горан Стојаноски директорот Н.У. „Охридски народен театар“ вели дека феноменот театар на светско ниво, е единствената искрена работа која се занимава само со креативност, се занимава само со создавање флуид помеѓу публиката и актерите, без сето тоа да биде комерцијализирано. Многу моменти во овој краток период на функционирање на охридскиот театар ќе останат во мое сеќавање, но еден посебно, вели Стојаноски.

plakat„Можам да ви кажам дека тоа беше моментот кога по телефон ми јавија дека со одлука на Влада е формиран театарот во Охрид. Дури не можев ни да се израдувам како што треба затоа што еден огормен период јас заедно со мојата екипа, јас лично 20 години ја туркавме таа приказна за да се формира театар и фала му на Бога во 2011 со одлука на Влада се формира театарот“ вели Стојаноски.

Светскиот ден на театарот се одбележува од 1962 година. Датумот 27 март е избран зашто на тој ден пред 50 години е отворена сезоната на „Театарот на нациите“ во Париз. Овој ден на различни начини се прославува во речиси сто  национални центри низ светот, а пред почетокот на претставите во театрите се чита меѓународната порака. А нашиов млад театар бесомнено ни испраќа само една да бидеме активни учесници во неговиот понатамошен развој.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top