Охридската противпожарна единица доби донација од Холандија и Англија

Донација од Холандија и Англија, доби охридската противпожарна единица. Оваа донација доаѓа како резултат на меѓународната соработка на општинскиот Црвен крст со институции и организации. Униформите, чизмите и заштитните шлемови се добредојдени за охридските пожарникари кои ќе ги штитат од пламените јазици при интервенција на пожар.

 |  Николоска Биљана  | 

Униформи, чизми и заштитни шлемови доби Територијалната единица на Противпожарна служба од Охрид. Станува збор за странска донација која е резултат на меѓународната соработка на општинскиот Црвен крст со институции и организации, со Противпожарни единици од Холандија и Англија, вели Сашо Точков претседателот на ОО на „Црвен крст“ Охрид.

Изразувам благодарност и од името на донаторите со кои што претходно се слушнавме за доделување на оваа донација од Локалната самоуправа од градоначалникот за нивниот сенз и слух за прием на ваква донација и за поттикнување на потенцијалните и идните донатори кои што навистина бараат можност имаат потенцијал имаат опрема која што овде може да биде многу корисна и очекувам Локалната и понатаму да соработува“.

И командирот на охридската противпожарна служба, Спасе Прентоски изрази благодарност кон Црвениот Крст. Според него со оваа донација се комплетирале потребите на пожарникарите во делот на личната заштитна опрема која ќе ја применуваат при интервенции како би го заштитиле сопствениот живот.

Јас се надевам дека и во иднина таа соработка ќе продолжи и во иднина ќе добиеме донација во делот на колективната опрема, техниката во делот на возила која што е составен дел и во преговори сме за таа донација. Благодарност до донаторите од Холандија и Англија во интерес на соработката“.

Поголеми буџетски средства наменети за потребите на Противпожарната единица, најави првиот човек на градот Јован Стојаноски, кој во оваа пригода изрази благодарност за донаторите од Холандија и Англија.

Секоја ваква донација е добредојдена за нас како Локална самоуправа во овие тешки моменти во кои што функционираме, но противпожарната единица и во иднина ќе добива поголеми средства и поголема поддршка од нас како Локална самоуправа. Во моментов сме на разрешување на еден стар спор кој го имаме ние како локална самоуправа и Противпожарната единица, во врска со платите на вработените, а понатаму ќе се помага и со поголеми средства од буџетската програма која се издвојува за противпожарната единица“.

Охридската Противпожарна единица неодамна доби донација и од здружението „Св.Наум Охридски“ од Мелбурн, Aвстралија која се состоеше од десет душеци и десет ќебиња.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top