Охридската ВМРО-ДПМНЕ потпиша два меморандуми за соработка

Граѓанскиот сектор и кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ потпишаа меморандум за соработка и декларација за еколошко и урбанистичко планирање на град Охрид. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ го подржа и советник од минатиот состав  од советот  Перо Петрески Калимеро.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Граѓанскиот сектор и кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ потпишаа меморандум за соработка и декларација за еколошко и урбанистичко планирање на град Охрид. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ го подржа и советник од минатиот состав  од советот  Перо Петрески Калимеро.

„Наша констатација е дека досега граѓанските организации стигнуваа само до медиумите. Тука завршуваше нашата работа.Од идната локална самоуправа и од градоначалникот очекуваме уште поголема и поинтензивна соработка, поготово во решавањето на горливите еколошки проблеми со кои се соочува Охрид“, рече Киселинов.  

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ на средбата со  претставниците на коалицијата на граѓански организации, уште еднаш потсети, дека тој ги подржува сите оние кои му мислат добро на Охрид.

Подршка на Трендафилов денеска јавно му искажа и  ЕКС советникот Перо Петрески Калимеро.

Kiril Trendafilov „Го подржувам Трендафилов, затоа што го знам како човек, и затоа што досега, советот работеше само за лични интереси, а не за доброто на градот. Верувам дека со Трендафилов ќе биде поинаку“, рече Петрески.

На прашањето за тоа каков совет му треба на охрид, Трендафилов рече дека „Функцијата на советот е контролна и претствува еден вид парламент на општинско ниво.
Советот не смее да биде затворен од јавноста, за да нема можност за шпекулации, дека се прават лични договори.

„Јас како човек комуницирам со сите луѓе. Мислам дека нема да имам проблем во комуникацијата со сите советници, без разлика од која партија се“, рече Трендафилов.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top