За охридската кујна далеку се слушна

Македонија преку Охрид добива високи награди. Уште една потврда за тоа е златниот медал на нашиот сограѓанин Никола Наумоски во сверата на гастрономијата.

 |  Билјана Николоска  | 
Donco Taneski
Дончо Танески

Македонија преку Охрид добива високи награди. Уште една потврда за тоа е златниот медал на нашиот сограѓанин Никола Наумоски во сверата на гастрономијата.

gotvackaПрочуената Охридска торта постигна врвен резултат во Сараево. Имено годинава на Балканските гастро натпревари што се одржаа во рамките на Саемот за туризам во БиХ македонските гастро презентери се покажаа на високо ниво. Македонците понесоа повеќе медалји од Сараево за што на пригодна свеченост од страна на угостители од ХОТАМ им беа врачени награди. На свеченоста говореше Председателот на ХОТАМ, Дончо Танески кој се пофали со успесите на Македонија посебно на Охридските угостители.  

Главната цел на овие награди, постигната е вели Танески. Тој додава дека звучното име на Македонија како туристичка дестинација треба да е со повратен ефект и сите претставници да дојдат и да се уверат во комплетната туристичка понуда.

Наградите на Македонските гастрономи, претставуваат голем успех, заради големата конкуренција на претставници од земјите на Балканот. Нашите покрај медалите во поединачна конкуренција освоија признание и во екипна, која им беше врачена вчера во Златната сала на хотелот Инекс Горица од страна на одговорните на Здружението ХОТАМ.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top