Охридска Капетанија ќе воведува ред кај скутерџиите

Капетанот Љупчо Настоски најави дека денеска поднеле предлог до владата за ограничување на движењето на скутерите по езерото.

 |  Татјана Маленкова  | 
skuter
скутер

Капетанот Љупчо Настоски најави дека денеска поднеле предлог до владата за ограничување на движењето на скутерите по езерото.

Ohridsko ezero„Мора да делуваме на ваков начин , затоа што скутерите едноставно дивеат по плажите“, вели капетанот Настоски.

Капетанијата предлага во периодот од 11 до 18 часот да се забрани пловидба на скутерите.

„Реакции очекувам од скутерџиите, но тоа е нивно право, за нас во моментов најважни се капачите и нивната безбедност“, вели капетанот Настоски.

Годинава пријавени се 2 инциденти, скутер со скутер, и скутер со педалинка. Постојано се вршат инспекциски надзор на овие времени објекти и изрекуваме казни, но очигледно  напорите на вродуваат со плод.

Инаку во Охридската капетанија регистрирани се 175 скутери, од кои најголем дел пловат на Охридското езеро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top