Претставници на Општина Охрид, Кујтим Усеини член на општинскиот совет и Илкер Мустафа од секторот за туризам и ЛЕР остварија посета на збратимените градови Сафранболу и Јалова во Турција.
Тема, реализација на заеднички проекти на овие збратимени општини. Првиот проект ќе се реализира помеѓу охридското ОУ „Братство и единство“ и приватното основно училиште „Билкент“ од Сафран Болу.
Охридската делегација во текот на официјалната посета на Сафранболу имаше средби со градоначалникот Д-р Неждет Аксој и неговите соработници на кои се разговараше за рализација на заеднички проекти. Во име на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, Градоначалникот и Гувернерот на Општина Сафранболу беа поканети на официјална посета на Охрид. По средбата со Градоначалникот на општина Јалова и членовите на Советот на Општината се разговараше за заеднички апликации на проекти и за фестивалот кој се одржува во Јалова за време на летниот период, на кој Охрид ќе учествува по трети пат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град