ОХРИДСКА БАНКА ЌЕ ВРШИ ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИТЕ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ

Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе врши исплата на пензии за јуни 2020 година во периодот 26.06.2020 година – 01.07.2020 година.

 |   | 

Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе врши исплата на пензии за јуни 2020 година во периодот 26.06.2020 година – 01.07.2020 година.

Од 26 јуни пензиите ќе бидат достапни за подигнување преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата каде што подигнувањето средства од дебитна картичка е без провизија.

Исплатата на јунската пензија преку благајните во експозитурите на Охридска банка АД Скопје почнува од 26 јуни според однапред дефиниран распоред односно:

Висина на пензија
26.06.2020 год. (петок)
До 11 000 денари
29.06.2020 год. (понеделник)
11 001 – 14 000 денари
30.06.2020 год. (вторник)
14 001 – 18 000 денари
01.07.2020 год. (среда)
Над 18 001 денари

Дефинираниот распоред за исплата на пензија е донесен за да се намали бројот на клиенти во експозитурата и со тоа да се зачува здравјето на клиентите и вработените.

Сите клиенти приматели на пензија имаат можност да извадат дебитна картичка од Охридска банка која е бесплатна, за сите оние кои ќе аплицираат за неа до 30 Септември 2020 година, на тој начин клиентите ќе ги избегнат посетите на експозитурите и поедноставно ќе управуваат со своите парични средства.

Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти да внимаваат на препораките за заштита од Корона вирусот при посета на експозитурите на Банката. Носењето респираторна маска е задолжителна обврска при влез во објектите на Банката, како и чекањето ред на пропишано растојание од 2 метри. Во сите објекти на Банката се достапни дезинфициенси.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top