Во Охрид започна да се селектира отпадот

Проектот за селектирање на отпадот се спроведува од страна на Jавното претпријатие „Комуналец“, Основното училиште „Григор Прличев“ и Еколошкото друштво „Јагода“ .

 |  Лионела Јаковлева  | 
Komunalec logo
Komunalec logo

Проектот за селектирање на отпадот се спроведува од страна на Jавното претпријатие „Комуналец“, Основното училиште „Григор Прличев“ и Еколошкото друштво „Јагода“ .Денес во Месната заедница „Билјанини извори“ беа поделени над 600тини вреќи за одвојување на пластичниот отпад од останатиот.

Охрид е првиот град во Македонија каде се воведува примарната селекција на хартија и пластика. Денес Jавното претпријатие „Комуналец“ заедно со Основното училиште „Григор Прличев“ и Еколошкото друштво „Јагода“ по тој повод организираа хепенинг. Овој проект е од пред неколку години, а реалните резултати треба да се видат наскоро. Неговото спроведување започна од МЗ „Билјанини извори“ каде екипи од „Комуналец“ по индивидуалните домаќинства поделија над 600- тини пластични вреќи за селектирање на отпадот. Во оваа населба веќе се поставени контејнери за ПЕТ амбалажа, вели Сашо Алчев, координатор на јавни служби во ЈП „Комуналец“

deca gradinka JagodaЕдукацијата за селекција на отпадот започнува од најмали нозе, вели Алчев. За граѓаните кои не ќе го селектираат отпадот ќе следуваат казни, а на наредната седница на советот на општина Охрид ќе бидат донесени измените на актите во делот на третирањето на отпадот.

Собраната Пет амбалажа ќе се подига и пресова од страна на „Комуналец“, а нејзиното рециклирање ќе го вршат приватни фирми. Веќе се градат три такви и тоа, две во Скопје и една во Гостивар.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top