На Охрид му се заканува бришење од листата од УНЕСКО

Проф. д-р Коста Балабанов, некогашен член  на Комисијата за изготвување на апликацијата за впишување на Охрид на листата на светското културно наследство е загрижен од тоа што градот ги напушта пропозициите на  Унеско.

 |  Валентина Неловска  | 
охрид
охрид

Проф. д-р Коста БалабановПроф. д-р Коста Балабанов, некогашен член  на Комисијата за изготвување на апликацијата за впишување на Охрид на листата на светското културно наследство е загрижен од тоа што градот ги напушта пропозициите на  Унеско. Балабанов  смета доколку  продолжи и понатака негрижата кон Охрид му се заканува  опасност да биде тргнат од листата. Тоа би било срам над срамовите за градот и државата смета проф д-р Балабанов. Тој се навраќа во минатотот кога строго се почитувале пропозициите.
„ Некогаш во стариот дел на градот жителите  се оставаа да живеат како во 19 век, следејќи ги строгите прописи, а сега во Куќата на Уранија има лифт вели некогашниот учесник во подготовките за листата за светското културно наследство  Балабанов. Градоначалникот Александар Петрески отвори  повеќе теми за кои смета дека државата не води сметка, а локалната нема ингеренции. Напомена дека државата не прави ништо за заштит ана езерто во кое се влеваат Сатеска и Грашница и го загадуваат. Но, ни збор не спомна за градбите и архитектурата со која се губи автентичниот лик на градот. Напротив Петрески  смета дека со донесување на  закон за Охрид  би се зачувал посебностите на градот. Според градоначалникот тој закон државата не го носи од политички причини.
30 години од приемот на Охрид во Унеско Професор д-р Коста Балабанов  пак   смета дека најголем  закон за Охрид се строгите пропозиции на Унеско со кои градот  е ставен под заштита. Инаку, денес беа одбележани 30 години од приемот на Охрид во Унеско на листат на светската листа на културното природно наследство. На прославата присуствуваа  голем број гости и претсвници од институциите како што се Икомос и Завод и музеј. Присутни беа и учесници кои ги подготвувале пропозиициите за прием на градот во Унеско. Подготовките траеле три години, а од  1980 година Охрид и Охридското езеро се дел од големото светско семејство на Унеско.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top