Над 100 ученици од гимназискиот хор и основното музичко училиште кои настапија на Новогодишниот концерт во организација на Лајонс Клубот Охрид потврдија дека Охрид располага со млади талентирани музичари. Пееа, танцуваа и свиреа со еден збор изведоа прекрасна музичка програма која ги воодушеви присутните. Програмата се состоеше од четири музички блока валцери, божиќни и новогодишни песни, како и фрагменти од цртаниот музички филм Малата Сирена. Профeсорот по музика Александар Димоски вели „ располагаме со таленти кои треба да ги откриеме и кај кои треба да го развиваме талентот, но и да го ставиме во функција. Со Новогодишниот концерт го потврдивме тоа“.
Во Охрид покрај големиот број КУД, функционира и хорското пеење во гимназијата и основното музичко училиште Методиј Патчев. Професорот Александар Димоски со голем ентузијазам е иницијатор на Хорскиот фестивал што се одржа по трет пат во нашиот град.
„Тоа е една манифестација која произлезе од нашето искуство со работата на гиманзискиот хор. Нашето знаење и искуство го пренесовме на интернационалниот Хорски фестивал во Охрид“, истакнува Димоски.
Досега на хорскиот фестивал настапиле над 5000 учесници и 150 меѓународни хора. Со тоа настојуваме Хорскиот фетсивал да се издигнува на што повисоко ниво и да придонесеме за што подобар имиџ на нашиот град вели професорот по музика Александар Димоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град