Охрид во спомен на д-р Хелена Етингер Каваева

На 2-ри февруари 2021 година се навршуваат 38 години од смртта на д-р Хелена Етингер Каваева, личност која оставила длабоки траги во колективната меморија на охриѓани.

 |   | 

На 2-ри февруари 2021 година се навршуваат 38 години од смртта на д-р Хелена Етингер Каваева, личност која оставила длабоки траги во колективната меморија на охриѓани.

По тој повод, членовите на Лајонс клубот „Лихнидос“ испратија барање до градските власти во Охрид, една улица, или здравствен дом во градот, да го понесат нејзиното име. Идејата е да се одбележи датумот на нејзиното раѓање (Хелена Етингер е родена на 16-ти март 1893 година во Честнохова, Полска), со поставување на пригодна спомен – плоча на влезот од зградата „Маларична“.

Д-р Каваева, заедно со сопругот, д-р Владимир Кавај, се основоположници на Македонскиот здравствен систем. Нејзиното име во Охрид се’ уште е метафора за чистота и лична хигиена. Целиот нејзин живот бил поврзан со силна посветеност кон медицината, со многу спасени животи, многу излечени деца во првиот детски диспанзер, но и со искоренувањето на маларијата во Охрид, Струга, цела Македонија, но и во Албанија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top