Охрид и Венеција на заеднички сајт за културна промоција

Природните и културните богатства со кои Охрид е надлеку познат сега уште подостапни за странците преку  зеднички европски сајт. Станува збор за заедничка коопретаивна програма  наречена сусткулт со која  се презнетираат културните и природните вредности на земјите од Југоисточна Европа.

 |  Валентина Нелоска  | 
sajt turizam
sajt turizam

promocija na turizamПриродните и културните богатства со кои Охрид е надлеку познат сега уште подостапни за странците преку  зеднички европски сајт. Станува збор за заедничка коопретаивна програма  наречена сусткулт со која  се презнетираат културните и природните вредности на земјите од Југоисточна Европа.

Македонскиот туристички центар сега се рекламира во друштво со убавините на  Венеција и Крф. Покрај Охрид и овие два града преставени се културните и природните убавини на градовите од уште четири земји од Југоисточна Европа, нагласува Гоце Симоноски раководител на ТЛЕР.
Очекувањата на раководителот на Тлер, Симоноски  се што повеќе странските туристи да добијат повеќе информации за Охрид преку заедничкиот сајт. На сајтот се поставени податоци кои се достапни за секој потенцијален турист. Во изработката на маркетинг промоцијата за Охрид се вклучени еминентни професори и инститиции, од факултетот за туризам и угостителство, од Завод и Музеј и археологот Паско Кузман, појаснува Симоноски.  

promocija na turizamПрограмата на проектот има за цел да ги  подобри територијалниот, економскиот и социјалниот интегративен процес во ЈИЕ и придонесува кон кохезија, стабилност, партнерство и заедничка акција на работите од стратешко значење. Во партнерство СУСТКУЛТ се вклучени  12 институции од 7 земји , Италија, Словенија, Грција, Романија, Унгарија, Република Македонија и Албанија. Проектот е финсиран од Европската унија со буџет во висина од 1.7 милиони  евра и ќе трае во следните 2 години. Како лидер партнер на проектот е градот  Венеција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top