Охрид ќе светне во новогодишен сјај

Првиот човек на градов вели дека Охрид за новогодичшнитепразници ќе биде поубав од секогаш, а ќе има и богата културноуметничка програма. „За уметниците нема високи хонорари, кој ќе пее во Охрид за Нова година е привилегиран“, вели Петрески.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Ohrid
Охрид

Првиот човек на градов вели дека Охрид за новогодичшнитепразници ќе биде поубав од секогаш, а ќе има и богата културноуметничка програма. „За уметниците нема високи хонорари, кој ќе пее во Охрид за Нова година е привилегиран“, вели Петрески.

Новогодишното издание на Охрид уште поубаво од ланското. Вакви се најавите на таткото на градот. Градоначалникот вели дека ќе го исполни даденото ветување градов секој нареден дочек на Новата година да биде поразличен и поподготвен од минатогодишниот. Влегувањето во 2009 ќе биде одбележано со голем огномет на градскиот плоштад, кој ќе биде накитен со нови новогодишни реквизити. Ланските ќе бидат употребени за украсување на периферните делови од градов.

OhridОхриѓани, а и гостите ќе ги забавуваат многу познати имиња од забавната и фолк естрадата. Предност ќе имаат охриѓаните како Ѓоко Танески, Ева, Камелеон, Секула Пупиноски. Од мак ѕвездите се споменуваат имињата на Владо Јаневски, Елена Ристеска и Ламбе Алабакоски. Градоначалникот вели дека нема пазарење со нив. Точнои се знае колку пари од буџетот на општината се издвоени за оваа намена. „Впрочем, додава тој на оние кои ќе настапуваат за новогодишните празници во градов треба да им е особена чест бидејќи ќе имаат можност да ги видат и слушнат околу 30 000 гости кои се предвидува да пристигнат за дочекот на 2009 во Охрид“.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top