Во Охрид и Струга ќе се пребројуваат трговските и угостителските објекти

Од први ноември ќе започне да се спроведува  попис на претпријатијата кои вршат трговски и  угостителски дејности.

 |  Валентина Нелоска  | 
Trgovski i turisticki objekti
Trgovski i turisticki objekti

Од први ноември ќе започне да се спроведува  попис на претпријатијата кои вршат трговски и  угостителски дејности.

Предвидено е во текот на  15 дена да се изврши  пребројување на продавници, дисконти, аптеки, кафулиња, ресторани, кое  ќе биде спроведувано од  Државниот завод за статистика. Во Охрид и Струга  тоа ќе се прави под надзор на регионалното одделение на Дражавниот завод за статистика. Се апелира сопствениците на објектите  да соработуваат со лицата ангажирани во пописот.

Trgovski i turisticki objektiПодатоците се од државен општествен интерс кои ќе имаат широк спектар на употерба.Ќе се користат за научна дејност, државните органи ќе ги употребуваат при изготвување на планови, програми и  анализи, а деловните субјекти при подготовка на програми вели  Мирјана Јовческа, раководител на Регионалното Одделение на Дражавниот завод за статистика. Во пописот ќе бидат ангажирани 22 лица стручни лица, од кои во Охрид ќе бидат вклучени 8 –мина распоредени по пописни реони. Собраните податоци од сопствениците на објектите ќе бидат строго заштитени потенцира Јовческа.

Последниот попис во оваа дејност бил направен  пред пет години. Регионалното Одделение на Дражавниот завод за статистика од Охрид, покрај Струга ги покрива и градовите Дебар, Кичево и Македонски Брод.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top