Охрид SOS vs Оштина Охрид за Лагадин

Од еколошкото движење Охрид SOS со обвиниувања до Општина Охрид дека го протуркала проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“ замаскиран како поставување урбана опрема, со што се избегнува јавноста во процесот и покрај официјалниот приговор на месното население против реализацијата на овој план.

 |  Голабовски Крсте  | 
плаза

плазаФрапантно и отворено незаконско однесување од страна на државните институции и покрај официјалниот приговор против градење медитеранска плажа што го потпишаа 99% од сопствениците на имоти во Лагадин, а МЗ Лагадин го достави до Општина Охрид уште во мај минатата година, се вели во соопштението од Охрид СОС.

„Отпорот од јавноста ја принуди Општина Охрид на најподмолен начин да го расцепка некогашниот проект за морска плажа на езеро и перфидно и незаконски да го протурка како поставување урбана опрема. Со оваа процедура се избегнуваат и потребните градежни дозволи, како и водостопанската дозвола што претставува чиста манипулација со правото и противзаконско избегнување на учеството на јавноста. Дали Министерството за животна средина и просторно планирање е запознаено со сево ова и дали стои зад ова и го поддржува? Со ова однесување, носителите на одлуки повторно, по којзнае кој пат, ја покажаа својата посветеност кон немилосрдното силување на граѓанските права и усвојувањето одлуки кои се во целост спротивни на желбите и потребите на граѓаните“, се вели во дел од соопштението.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top