Охрид СОС: Нема оправданост од изградба на Ски Центар на Галичица

Климатските услови во нашата земја, посебно на  Националниот Парк Галичица не дозволуваат изградба на Ски центар на ова планина, сметаат граѓанските активисти, претставниците на здруженија на граѓани и еколошки организации.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Нема оправданост од изградба СКИ центарот на Галичица, бидејќи не постојат услови за тоа, сметаат од граѓанската платформа Охрид СОС. Овој преокт е само еден од петте развојни проекти за кои вчера во НП Галичица се одржа јавна расправа во однос на ревидираниот Извештај за стратегиска оценка на влијанието на животната средина на предлог измените на Планот за управување со Националниот парк Галичица. Според нив туризмот на НП  Галичица не смее да се темели на деструктивни проекти.

„Се помалку имаме снег на Галичица, а за да се идентификува извор на снег треба да се добие, од вода да се направи вештачки снег. За тоа нам ни се потребни климатски услови, да имаме барем 5 степени надворешна температура за да можеме да направиме вештачки снег. На ниедно скијалиште ширум светот нема 15 километри стаза за скиење само на вештачки снег, туку тоа е секогаш комбинација на вештачки и природен снег. Овде ќе го немаме ни природниот ни вештачкиот снег “- изјави Илина Арсова од Охрид СОС.

Претставникот од Националниот парк Галичица, Андон Бојаџи во врска со реализација на развојниот проект за изградба на ски центарот смета дека треба да се воспостави долгорочен мониторинг за да се види какви ќе се ефектите врз популациите на одредени видови кои ги поседуваат.

„Но скијачкиот центар ако се прифати да се измени планот за управување за да се реализира тој, дел од површините, еден дел трајно се губи пример шумите и други живеалишта, и во зима ќе се користат за скијање во лето ќе бидат дел од паркот и ќе биде управуван од паркот. Пример еден од значајните видови Аполоновата пеперутка низ живеалиштето поминуваат две или три од патеките за алпско скиење. И влијанието ќе треба да се проценува уште пред да се реализира центарот а уште повеќе од кога ќе се реализира, ако се реализира“ – вели Бојаџи.

Граѓанските активисти, претставниците на здруженија на граѓани и еколошки организации, на вчера одржаната  јавната расправа побараа референдум во Охрид како еден вид демократски механизам за одлучување во однос на предлог измените на Планот за управување со Националниот парк Галичица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top