На одржаниот работен ссотанок, во организација на Секторот за внатрешни работи, ажурирани и дефинирани работните планови и програми за одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона, кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика. Командирот на ПС за безбедност во сообраќајот Страшо Миленкоски, изјави дека што се однесува до сообраќајните несреќи во зимскиот период, бројките охрабруваат. Тој додава дека иако бројот на сообраќајните несреќи во 2009 година е поголем отколку во 2008-та година, сепак нивната тежина и фаталноста е во значителна мерка помала. Миленкоски се пофали дека како општина предначиме и во покриеноста со хоризонтална и вертикална сигнализација.
На состанокот, покрај останатите, присутни и претставниците на ЈП „ Македонија пат-секција Охрид“. Раководителот Лазо Ставрески кажа дека од ова претпријатие се повеќе од подготвени за успешно дејствување во зимскиот период кој е пред нас. Од Македонија Пат информираат дека продолжуваат со крпење на ударните дупки, поставени се нови 74 сообраќајни знаци на магистралниот пат Охрид Св.Наум. како и 65 еластични прегради Додаваат дека почнувајќи од годинава ќе почнат со поинтензивна комуникација со медиумите на кои ќе им биде овозможено секојдневно да добиваат извештај за состојбата на патиштата. Ставрески потенцира дека годинава ќе бдие зголемена и набавката на абразивните материјали, сол и ризла, но додаваат дека сепак некои од патиштата, како патниот правец Е-504, што се протега преку НП Галичица сепак нема да бидат одржувани од нивна страна.
Што се однесува до одржувањето на транзитните улици, „Туристичка“ и „Железничка“, од Македонија пат велат дека очекуваат проблеми едниствено од учесниците во сообраќајот посебно на „Железничка“ поради пакираните возила од страните на сега веке 4-те коловозни ленти. Покрај состанокот службите на СВР Охрид од ПС за безбедност во сообраќајот, демонстрираа поставување на зимска опрема на возило. На состанокот беа присутни претставници од Полициските станици за безбедност на патниот сообракај, на јавните претпријатија и на локалната самоуправа од сите градови кои се под надлежност на СВР Охрид, како општините, Струга, Дебар, Кичево, Зајас, Вранештица, Осломеј, Вевчани и други.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град