Охрид се полни со гости за претстојниот продолжен викенд

Граѓани од општините кои од денес до понеделник се во целосен карантин побрзаа пред стапувањето на сила на полицискиот час да дојдат во туристичкиот центар. Од полицијата најавуваат интензивни контроли и активности за доследно спроведување на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот.

 |   | 

Пред нас е продолжен викенд а Охрид веќе почна да се полни со гости. Поради новиот бран заболени  од Ковид 19 Владата на барање на здравствените власти  го врати на сила полицискиот час. Дел од граѓаните на Охрид се чувствуваат загрозени и стравуваат од ширење на вирусот поради напливот на гости од градовите каде ќе има порестриктивен полициски час поради  големиот број на нови случаи на корона вирусот. Дел од анкетираните граѓани , пак, сметаат дека во Охрид нема место за стравување, но има и такви кои  воопшто не веруваат дека постои вирусот.

„Во ред е продолжување затоа што не сме дисциплинирани. Поминете низ чаршија и ќе видите дека никој не носи маска или ретко кој носи. Најмногу имаме сега случаи. Вчера 101, завчера 89. Значи ако продолжиме вака , без воведување полициски час, ништо не сме направиле. “

„Во Охрид има малку заразени но ако се создава поголема гужва за викенд можно е да се зголеми бројката.„

„100% дека ќе дојде до ширење на вирусот. Не треба да доаѓаат во голем број но секој втор жител на Скопје има во Охрид станче каде што ќе си дојде и денеска ќе го наполнат градот. И му порачувам да се воздржат од тоа затоа што ние ги почитуваме мерките. „

„Може да дојде до ширење на вирусот. Сите се плашиме. “

„Мора да се почитваат мерките, да се носи маска , да се држи дистанца од два метри.
Како не стравувам. Стравувам дека може да верати пак. Како дојде во Скопје и Тетово, сега имаат повеќе заразени отколку во април. “

„Забрана треба да има, да не доаѓаат од други градови. Во Охрид и Струга сега е времето убаво за на плажа , како ќе држат тие растојание, и во ресторани , ништо не се почитува. “

 „Јас не верувам. Ако беше така доаѓаа и минативе викенди туристи во градов, ќе се проширеше вирусот. “

Лично, што се однесува на мене, јас не стравувам дека ќе се прошири заразата затоа што не верувам во таква работа. Не постои корона вирус се е тоа манипулација.

„ Се плашиме. Треба да се води сметка од местата каде што многу е проширен вирусот да не ги пуштаат да патуваат надвор.“

Поради очекувањето на зголемен број посетители на градот од Свр Охрид велат дека полицијата подготвено ќе ги спроведува мерките и насоките од Владата за спречување на ширењето на корона вирусот.

„За таа цел преземени се низа  превентивни мерки, остварени се контакти со претставници на МПЦ Дебарско кичевска епархија, претставници на ЈП Градски гробишта Охрид и другите јавни претпријатија и службите во локалната самоуправа и угостителите. Полициските службеници ќе ги контролираат централното градско јадро , останатите делови од градот, сообраќајната полиција ќе ги контролира пофрекфентните улици и ќе бидат поставени полициски пунктови на соодветни места со цел доследно да се спроведуваат мерките . “ – Стефан Димоски,  портпарол СВР Охрид.

Владата во наредните денови, до понеделник, забрани и посета на гробишта за Задушница во сите општини, освен во случај на погреб.  Поради доследно почитување на забраните за групирање на граѓани на јавни места  од полицијата ќе вршат интензивни контроли и на регионалниот пат кон селото Лескоец.

Полицискиот час како целосна рестикција од 21 часот денес до понеделник 8 јуни до 5 часот. се воведе во целиот град Скопје, како и во околните општини и Штип кои во моментов се жаришта на корона вирусот .  Во останатите општини,  полицискиот час ќе има денес од  21 до 05 часот, а за време на продолжениот празничен викенд (петок, сабота, и недела) од 16 до 05 часот,  Оваа мерка ќе важи само за овој викенд, а следни одлуки ќе се носат од понеделник.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top