Охрид со денешната стручна промоција на развојно советувалиште за деца родени со ризик и пречки во развојот, добива можност да прерасне во регионален центар за потребите на оваа популација.
Рано откривање, евидентирање и следење на деца родени со ризик и пречки во развојот беше тема на денешната стручна промоција. Заедничката соработка на здравстваниот дом од Охрид и ГТЗ канцеларијата на германска владина организација, денеска презентира еден дел од линијата на згрижување на ризично родени деца. На семинарот учествуваа преку 70 стручни лица, претставници од 14 градови од Југозападниот регион, на Македонија. Целта е да се презентира најголемиот дефицит во линијата на деца со пречки во развојот во сегментот на раното откривање. Со овој проект, на Охрид му се дава можност да прерасне во регионален центар за потребите на децата со пречки во развојот.
„Идејата е Охрид со денешната стручна промоција на развојното советовалиште во градот, сакаме да удриме темели на една подолгорочна регионална перспектива кеде еден мултидисциплинарен тим на педијатри, дефектолози, психолози и социјални работници со кои располага Охрид, во сегментот здравство полека да прерасне во регионален центар за деца со проблеми во развојот“, вели Примариус Иван Двојаков.
Зошто токму Охрид? Примариус Двојаков вели: „Подолго време имаме иницијативи, кои што се движат во рамките на потенцијалите на постоечкиот кадар во Здравствениот дом и болницата и со ова сакаме да направиме еден модел на организиран пристап во оваа проблематика. Ова е теоријата, додека праксата го покажува следното: Од раното откривање до започнување на соодвтен третман на децата постои еден вакум којшто за жал и професионалците и родителите го споделуваат. Ова советувалиште кое денес има стручна промоција ќе треба да биде центар кој што ќе се грижи да ги влече потезите и потребите за тие деца од најран период. Целокупната идеја е овој проект биде сместен во рамките на превентивната здравствена заштита на децата во град Охрид. Организационо е тука осмислена, преостанува само кадровски да се доопреми, меѓутоа ќе биде во рамките на превентивната служба, бид. сето ова воопштено претставува превенција на хендикеп или постоечкиот да се амортизира или ублажи, вели Д-р Двојаков.
Охридското советувалиште веќе долги години наназад ги открива, евидентира и ги следи ризично родените деца. Во нашата општина годишно се раѓаат од 580 – 600 деца со ризик, што како бројка воопшто не отстапува од светскиот просек за оваа категорија. Сите тие заслужуваат посебно внимание и често следење. „Можеби само 3% од овие деца реално ќе бидат со пречки во развојот, но нашата цел е таа бројка и понатаму да се намалува. Тоа ќе го постигнеме единствено со рано откривање на хендикепот и рана интервенција. Досега кај нас децата беа следени од лекар педијатар, а сега во таа процедура поинтензивно ќе бидат вклучени и дефектолог, психолог и социјален работник, кои ќе работат тимски, се со цел за подобри резултати. Нашето советувалиште е во склоп на работната единица за превентива на деца и младинци. Сите деца редовно доаѓаат кај нас и една добра страна е што тие деца редовно ги следиме и ниедно од нив нема да биде изоставено, вели Д-р Катерина Димитрова, рак. на „Превентивна единица за деца и млади“ во Охрид.
„Овие деца задолжително треба да се целокупно интегрирани во општествено политичката заедница, бид. секое дете има свој потенцијал. Токму овие служби треба да ги развијат тие потенцијали“, заклучуваат експертите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град