Во Охрид ќе се разлее староградската песна

Охрид по 21 пат, в петок ќе биде домаќин на фестивал каде што ќе се слави староградската песна.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Охрид по 21 пат, в петок ќе биде домаќин на фестивал каде што ќе се слави староградската песна.

Dragana Bocevska

Охрид по 21 пат, в петок ќе биде домаќин на фестивал каде што ќе се слави староградската песна. Охридските староградски средби формирани во далечната 1974 година, згаснуваат по 19 години постоење, за од лани повторно да бидат возобновени. Тоа се должи на ентузијазмот на вработените во охридскиот Центарот за култура и финансиската подршка на ресорното  министерство. Годинава на фестивалот учество ќе земат девет  македонски ансамбли. По традиција учесниците  ќе продефилираат по охридската чаршија за потоа да се вратат на сцената во Центарот за култура. Со обновувањето на Фестивалот продолжува да се негува староградскиот мелос. Се враќа и можноста да се  формираат  нови групи и ансамбли кои ќе ја чуваат традицијата вели директорт на Центарот за култура, Драгана Боцевска. За спецификите на охридската староградска песна свој осврт ќе даде охридскиот публицист Владо Жура.
На сцената на Центарот за култура, каде што влезот за посетителите е бесплатен, ќе настапат ансамблот „Танец“ од Скопје, пејачките групи „Ахрида“ и „Македонка“ од Охрид, староградските групи „Октет“ Прилеп, „Делчевски еснафи“, „Персида“ од Ресен, „Кратовчани“, „Распеани Гевгеличани“ и „Чалгија саунд систем“ од Скопје. Фестивалот ќе има и придружни содржини : утре во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Бабините приказни“ од Сотир Пирузе, а в петок со почеток во 18.30 ќе биде отворена изложба со наслов „Староградска архитектура“ акварели и цртежи од збирката на Завод и Музеј Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top