Се доцни со прскање против комарци. Од Локалната сеуште без конкретен одговор, како годинава ќе се справат со овој проблем, додека пак надлежните од Центарот за Јавно здравје го вклучија алармот за опасност од комарците.
Прскањето против комарци на големо доцни. И годинава епизодно се повторува истото сценарио. Локалната чија што надлежност е да го спроведе прскањето против комарци, сеуште преговара како и кој ќе го изведува тоа. Центарот за јавно здравје, установата која е стручна за тоа, не е ниту консултирана, ниту има било какви индиции за соработка, иако се работи за јавно добро на Охрид, а пред се на охриѓани и туристите, вели директорот на оваа установа Атанаско Михаилов. Тој додава, се создава впечаток дека Охрид нема интерес за тоа и оти градоначалникот и Локалната самоуправа не сакаат да се справат со проблемот.
Не може да се каже дека прскањето со авион успева, а комарци има насекаде, вели Михаилов. Според него, од локалната премногу ја политизираат состојбата на ова поле. Михаилов порача под итно да се преземат мерки, не мора да е ангажирана неговата установа, само тоа да биде стручно и ефикасно, бидејќи сепак треба да се земе предвид фактот, дека комарците се инсекти кои предизвикуваат здравствени проблеми.
Според Михаилов, стручноста за зафатот намерно се одбегнува, како би се штителе бизнис интересите на поединци, кои дебело профитираат од прскањето против комарци со авион. Тој додава дека авионското прскање гледано од стручен аспект е недозволиво бидејќи не ги зафаќа местата под покривите, околу дрвјата и ако дувне ветер целиот тој прав се носи 3 км подалеку.
И додека останатите градови во земјава наголемо се спремаат и веќе ја имаат направено првата фаза за прскање против комарци, првиот воз за Охрид е испуштен, бидејќи тоа требаше да се направи во втората половина на месец мај. Од Локалната не оставија без информација, поточно дека истата ќе ја добиеме во текот на утрешниот ден. Вера Рауник, одговорна во овој сектор, и покрај нашето инсистирање, одговори дека во текот на денешниот ден не може да ни ја даде таа информација.
{loadpositon content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град