Убавините на Охрид и неговиот туристичкиот потенцијал претствени во Нови Сад.
Убавините на Охрид и неговиот туристичкиот потенцијал претствени во Нови Сад.
„На саемот за туризам настапивме сами затоа што Државната агенција за туризам не не подржа а од министерството ни одговорија дека саемот не е на нивниот календарот, вели градоначалникот Александар Петрески.
Успешна презентација на Охрид,на саемот за туризам во Нови Сад. Владата смета дека немало потереба од трошоци за ова патување, а локалната токму во овие регионални саеми го гледа идејниот развој на Охрид.
„Државата агенција за туризам не не подржа а министретвото ни одговорија дека саемот не е на нивниот календарот. Затоа одлучивме да настпиме сами.Имавме разговори со државната агенција за промоција кои ветуваа дека ќе помогнат, но колку помогнаа незнам“, вели Петрески.
Градоначалникот смета дека приоритет за Охрид се саемите кои се одржуваат околу нас.„Сметам дека одењето во Лондон и во други центри, многу чини, а не дава резултати веднаш. На семот настапивме комплетно со наши матријали,а на него дојдоа сите претставници на хотелите од Охрид и Струга, така да и тие најдоа место каде да се презентираат, вели Петрески. Патувањето во Нови Сад, градоначалникот го искоритил и за средба со неговиот колега, кај кого имал прием.
„ Разговаравме околу идната соработка околу Охрид и Нови сад. Договоривме да има еден ден посветен на Охрид или вечери во Нови Сад во центарот каде што ќе се претставиме, а исто разговаравме во нивниот оддел за туризам да имаме постојано наш претставник кој ќе го промовира Охрид. Заначи ги продолжувеме добрите односи со Нови сад ги продлабочуваме и убеден сум дека тоа е иднината за Охрид. Треба да му посветиме повеќе внимание на гостите кои доаѓаат“, вели Петерски.
Градоначалникот и за во иднина најавува дека туристичките потенцијали на Охрид, локалната ќе ги претставува на саемите во околинава, затоа што гостите од регионов, биле и се најредовни посетители на нашиов град.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град