Охрид се преорува

Се множат нови улици во градов. Локалната самоуправа отпочна со пробивање  улици кои се од огромно значење за растеретување на сообраќајот во Охрид. Ул. „Асном“, е прва на листата. Улиците во иднина нема да се прекопуваат.

 |  Николска Биљана  | 
prokop
прокоп

Се множат нови улици во градов. Локалната самоуправа отпочна со пробивање  улици кои се од огромно значење за растеретување на сообраќајот во Охрид. Ул. „Асном“, е прва на листата. Улиците во иднина нема да се прекопуваат.

prokopИскопани улици и тротоари. Некаде тоа е поради електрична инсталација а некаде поради отварање на нови улици. На ул. „Асном“ веќе се гледаат првите краци од пробивањето на новата сообраќајница. Тоа е предвидено согласно реализацијата на Урбанистичкиот План донесен за таа Урбана Населба. За прв пат во Охрид, новите улици ќе бидат целосно комплетирани. Тоа пред се се однесува на изградба и на водоинсталациониот систем, како во иднина би се избегнале проблемите со прекопи вели раководителот на секторот за сообраќај и патишта Зоран Шикалески.
Шикалески вели дека пробивањето на улиците низ Охрид, ќе се врши фаза по фаза. Тоа пред се ќе биде  во зависност од тоа како ќе се врши експропријацијата која чини многу додава Шикалески.
Шикалески вели дека потребни се многу средства за Охрид да добие нови улици, како би се реализирала програмата согласно Урбанистичкиот план. Заради тоа Шикалески не можеше да дефинира кога ќе финишираат работите околу пробивањето на истите, кои се од преголема важност за градот, пред се заради растеретување на сообраќајот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top