Охрид на прагот од втората фаза на децентрализација

Конечно зрно надеж дека Охрид ќе влезе во очекуваната втора фаза на децентрализација. Општинскиот долг кој градот го спречи да влезе во втората фаза се наоѓа пред подмирување. Советот на општина Охрид даде зелено светло за банкарскиот кредит кој ќе го покрива долгот.

 |  Мишел Наумоски  | 
Opshtina Ohrid
Општина Охрид

Конечно зрно надеж дека Охрид ќе влезе во очекуваната втора фаза на децентрализација. Општинскиот долг кој градот го спречи да влезе во втората фаза се наоѓа пред подмирување. Советот на општина Охрид даде зелено светло за банкарскиот кредит кој ќе го покрива долгот.

OhridДолгоочекуваниот кредит кој треба да ја спаси општината од наследениот долг, доби зелено светло од советниците на Охрид. Една од причините поради која нашиот град сеуште не влегол во втората фаза од децентрализацијата е токму финансискиот долг спрема фирми во државна сопственост. Се работи за условен кредит кој што не може да се користи за други намени туку единствено за враќање на наследениот долг. Барањето за овој кредит, општинските советници едногласно го изгласаа без разлика на партиската припадност. Се чека согласност од Министерството за финансии.

„Направивме конкурс, конкурираа неколку банки. Ние сме должни сега тие понуди од банките да ги доставиме до Министерството за финансии. Значи не ни дава Министерството кредит, туку ни дава согласност. Се надевам дека министерството ќе ни даде согласност и веднаш со тие средства ќе ги расчистиме старите долгови и ќе спречиме овие затезни камати да растат.“-рече Петрески

„Долгот кој ја спречи општина Охрид да влезе во втората фаза од децентрализацијата е состојба која е наследена од претходните политички гарнитури.“-вели Петрески. Влегувањето во долгоочекуваната втора фаза треба да помогне во натамошниот развој на општината.

„Не е влезот на Охрид чисто само како влез во втора фаза. Ние, со влезот во втората фаза ќе имаме пристап до разни фондови кои сега не можеме да ги имаме. Значи тие средства кои висат, кои седат во Европската унија не можеме да ги земеме затоа што не сме во втората фаза.“-додаде градоначалникот.

Процесот на децентрализација започна во 2005 година. Овој процес се состои во пренесување на дел од државните надлежности во рацете на општините. Од 84-те општини  во републикава, уште само 8 не стигнале до втората фаза на децентрализацијата. Општина Охрид е една од нив.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top