Охрид доби позитивно мислење за располагање со неизградено градежно земјиште

На седницата на Комитетот за градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски беше донесена позитивна одлука за располагање и управување со неизграденото државно земјиште.

 |   | 
Ohrid
Охрид

OhridНа седницата на Комитетот за градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски, што се одржа во Скопје ,а на која  присуствуваа и градоначалникот  Александар Петрески и раководителот на Секторот за урбанизам  Бранко Арнаудов,беше донесена позитивна одлука за располагање и управување со неизграденото државно земјиште.

Комитет за градежното земјиште има за цел да го  следи, остварува и унапредува начинот на вршење на работите за располагање со низграденото градежното земјиште.

Општина Охрид , според одлуката, целосно  ги исполнува условите да управува со градежното неизградено земјиште, со што се создаваат услови за побрза и поефикасна постапка за управување и привлекување инвестиции.

За период од две недели, се очекува Владата и формално да ја потврди одлуката на Комитетот за градежно земјиште со што и официјално процесот на оттуѓување и давање под закуп, кои досега се водеа под Министерството за транспорт и врски, ќе се води  во општина Охрид.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top