На седницата на Комитетот за градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски беше донесена позитивна одлука за располагање и управување со неизграденото државно земјиште.
На седницата на Комитетот за градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски, што се одржа во Скопје ,а на која присуствуваа и градоначалникот Александар Петрески и раководителот на Секторот за урбанизам Бранко Арнаудов,беше донесена позитивна одлука за располагање и управување со неизграденото државно земјиште.
Комитет за градежното земјиште има за цел да го следи, остварува и унапредува начинот на вршење на работите за располагање со низграденото градежното земјиште.
Општина Охрид , според одлуката, целосно ги исполнува условите да управува со градежното неизградено земјиште, со што се создаваат услови за побрза и поефикасна постапка за управување и привлекување инвестиции.
За период од две недели, се очекува Владата и формално да ја потврди одлуката на Комитетот за градежно земјиште со што и официјално процесот на оттуѓување и давање под закуп, кои досега се водеа под Министерството за транспорт и врски, ќе се води во општина Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град