Министерството за труд и социјална политика за ранливата категорија граѓани од Охрид сеуште нема отворено ваков објект.
Вината од таму ја насочуваат кон општината затоа што досега не го подржувале проектот на Владата.
Ваквите обвинувања ги негира градоначалникот Александар Петрески. „ Во досегашните разговори со одговорните лица од ресорното министерство се посочуваа локации кои воопшто не доаѓаат во предвид да се прифатат категорично потенцира Петрески. Се посочуваа детската градинка и угостителското училиште додава тој.
Не држи идејата во образовни институции да се дели храна, или во центарот на градот каде што во близина се наоѓаат хотелите“ вели тој. Градоначалникот вели ја подржуваме идејата на министерството за труд и социјална политтика , но само доколку се избере соодветна локација за таа намена. Тој ги посочува црквата Св. Ѓорѓија каде што има услови за тоа, но и народната кујна изградена од Никола Велјаноски , Бикчето.
Инаку досега Министертсвото за труд и социјална политика, за граѓаните кои се во тешка социјална положба во земјава има отворено 34 народни кујни во кои со еден топол оброк се згрижени 3439 лица.
Во Охрид според направената сондажа потреба од ваков вид на социјална грижа имаат околу 150 граѓани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град