Охрид подготвен за првиот снег

Од ЈП „Комуналец“ велат дека иако деновиве не се очекуваат врнежи од снег тие се подготвени доколку е потребно да интервенираат на терен. Снегот кој вчера наврна направи проблеми на планинските превои, па имаше застој во сообраќајот на Пресека. Денес нема никакви  проблеми на патиштаат низ државава, а од Македонија пат велат дека екипите се постојано на терен.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Снегот го заобиколи Охрид. Барем засега во градот не се очекуваат врнежи од снег, велат од Управата за хидрометереолошки работи. Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од дожд, а само на околните планини ќе врне снег.  Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 6 степени Целзиусови, информираат од УХМР. Облачно и врнежливо време ќе имаме и во наредните денови. Минималната температура ќе се движи помеѓу -2 до 6, а дневната од 3 до 12 степени. Од ЈП „Комуналец“ велат дека иако не се очекуваат врнежи од снег тие се подготвени доколку е потребно да интервенираат на терен. Имаат доволно ризла и сол, а и возилата за чистење снег се во исправна состојба. ЈП „Комуналец“ заедно со СВР Охрид , Македонија пат, Центарот за управување со кризи и Кризниот штаб пред еден месец имаа координативен состанок на кој се договорија како ќе делуваат во зимски услови.
Инаку снегот кој вчера наврна направи проблеми на планинските превои. Повеќе од половина час сообраќајот на преминот Пресека беше во прекин во двата правци поради излизгување на товарно моторно возило на коловозот. Како што информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, возилото било отстрането од коловозот, а сообраќајот нормализиран. Поради снежните врнежи претходно беше воведена забрана за товарни возила на превојот Стража и на Маврово, но не и на Пресека. По инцидентот вчера беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила и на планинскиот превој Пресека. Од Авто-мото сојузот на Македонија велат дека од 07:30 часот укинати се забраните за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека, како и на патниот правец Маврово – Дебар. Но секако останува предупредувањето до сите учесници во сообраќајот да бидат крајно внимателни. Екипите на Македонија пат постаојано се на терен и интервенираат каде што е потребно. Да се надеваме дека оваа зима нема да ни се повторат ланските проблеми кога поради нано си од снег некои патни правци со часови беа затворени, а дел од планинските села со денови останаа затрупани. Да не ни се случи снегот во јануари да не изненади.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top