Охрид е подготвен за вториот меѓународен саем за туризам

Од 17 до 20 јануари Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот саем за туризам.

 |  Валентина Нелоска  | 
Zoran Strezoski
Зоран Стрезоски

Од 17 до 20 јануари Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот саем за туризам.

Подготовките за неговото отпочнување се во завршна фаза вели Зоран Стрезоски,  директор на агенцијата за промоција и подршка на туризмот. Додава дека има најави за посета на голем број странски туроператори од Холандија,  Германија, Турција и од земјите од опкружувањето. Интересот е огромен и има недостаток од простор за сместување на асоцијациите кои сакаат да се презентираат на саемот кажува Стрезоски.

OhridВо рамките на Саемот за туризам се планира да се одржи Бизнис форум во организација на двата факултети за туризам, охридскиот и скопскиот, како и од министерството за економија, на актуелни теми од туризмот. Ќе се одржи и  натпревар по гастрономија во хотелот Дрим. Учесниците на саемот ќе присуствуваат и на големата  верска манифестација Водици.
Стрезоски вели на плоштадот ќе бидат присутни сите гости на оваа туристичка атракција и тоа ќе помогне за уште поголема афирмација на градот.

Меѓународниот саем за туризам  ќе се одржува  во спортската сала Билјанини извори. Покровител на манифестацијата е премиерот Никола Груески, а  организацијата е  на  Туристичките комори на Македонија, Балканската  хотелска асоцијација и  Агенцијата за промоција и подршка на туризмот.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top