Садењето на дрвјата во склоп на акцијата Ден на дрвото –засади ја својата иднина повторно ќе се одвива на локалитетот „Мауцкер“. Локацијате не е добар избор реагираат од граѓанската организација „Билјана“ и прашуваат зошто пошумувањето не е на планината Галичица.
Садењето на дрвјата во склоп на акцијата Ден на дрвото –засади ја својата иднина повторно ќе се одвива на локалитетот „Мауцкер“. Локацијате не е добар избор реагираат од граѓанската организација „Билјана“ и прашуваат зошто пошумувањето не е на планината Галичица.
Се е подготвено за утрешната акција Ден на дрвото –засади ја својата иднина. Ваква граѓанска иницијатива по втор пат се реализира во Охрид. Во март оваа година на локалитетот „Мауцкер“ на површина од 5 хектари се засадија 10.000 дрвја и тоа чемпреси, кедар и дуглазија. Но, за жал од нив само мал дел успеаја да заживеат.
Локалитетот „Мауцкер“ уште во пролетната акција, за граѓанската, туристичка органзиација „Билјана“ беше несоодветно место за пошумување. Нејзиниот претседател Никола Киселинов Боздоганов и тогаш и сега се прашува зошто на планината Галичица не се засадија млади дрвца знаејќи го фактот дека во ланскиот пожар изгореа многу стебла.
Од локалната самоуправа велат дека изборот за пошумување на Мауцкер ни во пролетната а ни во есенскава акција не била нивна иницијатива.
Утре во цела држава предвидено е да се засадат 6 милиони дрвца. Во Охрид на 4 хектари ќе се садат повеќе од 20 000 дрвца. Сите граѓани кои сакаат да земат учество во акцијата имаат организиран бесплатен превоз. Ќе се тргнува од пред гимназијата Св. „Климент Охридски“ и тоа од 8 до 14 часот.
Инаку од скопскиот Шумарски факултет велат дека наместо масовни акции со кои најчесто погрешно се засадуваат дрвјата, тоа да се прави со помали, подолгорочни и посериозни активности. Од таму предупредуваат дека ако масовното есенско пошумување се направи како и пролетното, тоа ќе биде залудна акција и трошење пари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град