Еуфоријата по новогодишната ноќ полека се намалува. Градот е домаќин на околу 20.000 илјади гости.
Еуфоријата по новогодишната ноќ полека се намалува. Градот е домаќин на околу 20.000 илјади гости.
Без поголеми проблеми помина новогодишната ноќ во Охрид. Така во изминативе 24 часа на подрачјето на Охрид случено е едно нарушување на јавниот ред и мир. Околу 02 часот на булеварот „Македонски просветители “дошло до меѓусебна вербална расправија на три лица под дејство на алкохол која прераснала во тепачка.
Во населбата „Св Стефан“ околу 2 и 30 се случил пожар во кој изгорел шанкот за пиалоци направен од дрво благодарение на брзата реакција на против пожарната екипа не дошло до ширење на пожарот.Причинета е материјална штета во висина од 120000 денари
Од медицинскиот центар во Охрид известуваат дека имале работа со алкохолни труења пред се кај малолетни лица. Но за срејќа оваа година немало тешки сообраќајни несрејќи и се задоволни што тоа е така. За разлика од други години оваа година нема пациенти со телесни повреди. На ред се втората и третата новогодишна ноќ во кои дел од граѓаните кои зачувале енергија од синоќешната ноќ повторно ќе излезат на прослава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град