Охрид е писта на сите веб страни во Европа

Хотелиерите и туристичките агенции во Охрид немаат соработка. Хотелиерите вината за слабата исполнетост на нивните капацитети ја префрлаат на туристичките агенции и авио превозот, а од агенциите велат, државата мора да стави рака за да се надминат проблемите, кои на хотелиерите им даваат право да се јавуваат во повеќе улоги.

 |  Билјана Николовска  | 

Жалосно што на пистата на Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, не слетуваат авиони со туристи кои ќе ги исполнат хотелските капацитети, велат менаџерите на хотелите. Српските гости ја извлекоа оваа сезона велат хотелиерите кои неодамна се пожалија дека истата е катастрофално лоша. Тие додаваат, благодарение на долгогодишната соработка со некои партнери оваа сезона некако помина. Проблемите заради кои трпи туризмот, сеуште лежат во слабата соработка на хотелите со туристичките агенции  вели Перо Кутаноски менаџер на хотел „Гранит“.
Кутаноски вели, авио превозот е основниот проблем, заради кој хотелите во сезона се полупразни. Тој додава дека овој проблем се решава само со соработка на 2 до 3 партнери од наша и странска туристичка агенција.

Директорот на охридскиот аеродром Борис Стефаноски вели дека може да се изнајде решение за овој проблем, од кое сите би имале благодет.
Верица Хајба како туристички работник, вели „ова е комплексно прашање, за кое државата треба да изнајде решение. Хотелиерите често ги мешаат работите, најверојатно заради судир на интереси, бидејќи една цена нудат на агенции од надвор а друга на домашните“.
Интересно е како хотелот со пет звезди „Радика“, на Мавровско Езеро, за време на летната сезона е преполн со гости, а нашите хотели крпарат иако го нудат најголемиот светски бисер Охридското Езеро. Цената игра најголема улога и тука треба да се поработи, кажуват гостите. 30 евра за пансион, како што е случај во „Радика“ е прифатлива цена за сечиј џеб, велат тие.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top