Охрид ова лето нема да наликува на панаѓур

Панаѓурскиот изглед на Охрид ова лето нема да се повтори. Од Локалната ветуваат дека ќе ги употребат сите механизми за да се направи ред во поставувањето урбана опрема и зачувувањето на реномето на градов.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охрид ова лето нема да наликува на панаѓур, ветуваат од Локалната самоуправа. Велат дека ќе се направи ред во поставувањето урбана опрема и останати реквизити за забава како граѓаните и туристите не би биле незадоволни од изгледот на најголемиот туристички центар во државава.

Интенција на Локалната е да нема таков изглед. Во моментов не дозволуваме да бидат поставувани тезги барем не на јавна површина и на градежно неизградено земјиште што е во сопственост на РМ и Општина Охрид, вели градоначалникот Јован Стојаноски.

Градоначалникот кажува дека до нив стигнале повеќе забелешки поради урбанистичките решенија за поставување урбана опрема во изминатите години. Посебно имало поплаки за изгледот на Кеј Македонија каде години наназад можеа да се забележат секакви реквизити за забава. Од замоци за скокање, банџи, па се до неркакви апарати за боксување. Стојаноски вели дека тоа ќе се избегне ова лета, а ваквите реквизити ќе бидат лоцирани на места кои не се на главниот Кеј. Столици и маси од околните угостителски објекти ќе има, но и тие ќе бидат поставени по строго утврдени правила и постојано ќе се контролира од страна на инспекциските служби. Ако не се плаќа надомест за урбаната опрема веднаш ќе биде отстранета.

Толериравме да бидат поставувани маси и столици и да некој остварува економска и стопанска дејност меѓутоа за сето тоа мора да се наплаќа. Тука не се само обврските према нас туку и према Управата за јавни приходи, објаснува Градоначалникот.

На прагот сме на уште една туристичка сезона. Сите посакуваме да биде успешна и да донесе многу гости кои ќе доведат до економски бенефит на градот. Но во никој случај нема поради профит да го загрозиме угледот на Охрид и да дозволиме хаос во градов, дециден е Градоначалникот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top